Дописници Поплавени домови во Кочанско

Поплавени домови во Кочанско

Изминатата ноќ беше критично во неколку населени места во Кочанско. Реката Брегалница се излеа и поплави призмени простории и дворови во Чешиново и во Уларци. Селото Теранци 24 часа беше отсечено од општинскиот центар Чешиново – Облешево . Единствената врска ја имаше преку Зрновци. Механизацијата од утрото работи на расчистување на најкритичните места. Акумулацијата Калиманци веќе 30 часа е во фаза на прелевање, бидејќи дотокот на вода е поголем од количеството што се испушта.

Од ЈП „Водостопанство“, кое стопанисува со Калиманци, велат дека критичниот период сè уште не е поминат, бидејќи се очекуваат нови количества вода од притоките со топењето на снегот во беровско- делчевскиот крај.
Надојдените води во Кочанска и во Оризарска Река се изелеаја во оризовите полиња.

Најкритичнно е во селото Прибачево и во Горни Полог.

Добрата вест е дека од претпладнето речната вода полека се повлекува во коритата.

Во Виничко, надојдената вода урна електричен столб, а полавени се и земјоделски површини.