Свет Поплава на Тахити – евакуирани илјадници семејства

Поплава на Тахити – евакуирани илјадници семејства

Илјадници домаќинства се евакуирани во Француска Полинезија поради големата поплава, јавуваат светските агенции. Повеќе од 6.000 домови останале без струја и затворен е и меѓународниот аеродром на Тахити.

Според изјавите на локалните власти, досега во оваа најтешка поплава на Тахити се повредени три лица, повеќе од 100 домаќинства се уништени, а причинета е и значителна штета на патната инфраструктура.

Авионскиот сообраќај е пренасочен кон островите Кук. Се предвидува дека врнежите од дожд ќе продолжат до вторник.

Тахити е најголемиот остров во Француска Полинезија, со околу 276.000 жители.