Македонија Попладнево нормализиран железничкиот сообраќај во земјава

Попладнево нормализиран железничкиот сообраќај во земјава

Патничкиот железнички превоз започна да функционира со возот од Скопје за Битола, со поаѓање од 14:30 часот

Фото: Архива на Мета.мк

Патничките и товарните возови од денеска повторно сообраќаат, откако раководството на Железници на РСМ-Транспорт на вработените им ги исплати патните трошоци за октомври. Патничкиот железнички превоз започна да функционира со возот од Скопје за Битола, со поаѓање од 14:30 часот.

Од петокот попладне до денес претпладне во прекин беше железничкиот превоз, поради бојкотот што го почна машинскиот и извршниот персонал во Железници на РСМ-Транспорт. Тие бараа исплата на патните трошоци за претходниот месец.

Возовите од попладнево не сообраќаат, машиновозачите бараат патни трошоци