Македонија Попладне снег

Попладне снег

Сончево со мала до умерена облачност ќе биде времето денеска во Македонија. За доцните попладневни часови е најавено зголемување на облачноста, кое во ноќните часови ќе услови врнежи од дожд и од снег.

Преку ден ќе дува слаб, а во југозападните делови умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од -5 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 3 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до -1, а дневната ќе достигне 7 Целзиусови степени.