Македонија Попладне ќе врне

Попладне ќе врне

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Во попладневните часови, на места, врнежите ќе бидат пообилни, некаде достигнувајќи и повеќе од 30 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе се движи од 6 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, облачно со повремен дожд, а попладне и во ноќните часови дождот ќе биде пообилен. Температурата ќе достигне до 11 Целзиусови степени.