Македонија Попладне е можен дожд

Попладне е можен дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, со слаба магла, а во јужните и во југоисточните делови од земјата во пoпладневните часови ќе има и услови за појава на локален дожд, а на високите планини слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од -2 до 3, а дневната од 5 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди, наутро со услови за појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне 8 Целзиусови степени.