Економија Пониски цени на индустриските производи

Пониски цени на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, а за 4,4 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во февруари во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење камен за 5,8 отсто, во секторот преработувачка индустрија за 0,2 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0,8 отсто.