Култура Поништен конкурсот за откуп на класични композиции за 2017 година

Поништен конкурсот за откуп на класични композиции за 2017 година

Министерството за култура соопшти дека конкурсот за откуп на класични композиции за 2017 година, објавен на 6 април минатата година, се поништува поради административни пропусти во неговото спроведување. Конкурсот ќе биде повторен.

Министерството ќе поведе соодветни дисциплински постапки за службите задолжени за спроведување на конкурсот, за да се утврди одговорноста за направените пропусти.

Според соопштението, објавените резултати на 18 јануари годинава на официјалната веб-страница не биле тоа, туку само предлози на комисијата, кои не биле одобрени од министерот.