Македонија Понеделник, ден за одлука во Собранието

Понеделник, ден за одлука во Собранието

Деловнички дозволените шест месеци за неоправдано отсуство на пратениците, завршуваат в понеделник, а според потпретседателот на Собранието, Рафиз Алити, можно е ова да биде и на дневниот ред на редовната координативна средба.

Најдобрата варијанта, според Алити, е опозицијата да се врати во парламентот.

– И понатаму ние ќе го браниме овој став дека треба до крај да се инсистира пратениците на опозицијата да се вратат во парламентот – рече Алити.

За констатирање на оставките или одземање на мандатите, и во ДПА засега нема одлука, но велат до понеделник партијата ќе изгради став. Од ВМРО-ДПМНЕ за оваа тема, велат, не сакаат да  коментираат.