Македонија Понеделник 12 октомври е неработен ден за сите граѓани

Понеделник 12 октомври е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 11 октомври 2020 година (недела), Денот на народното востание, е државен празник.

„Понеделник, 12 октомври е неработен ден за сите граѓани. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание,“ се вели во соопштението.