Свет Европа Помош преку телефон: Во Германија луѓето најмногу ги мачи осаменоста

Помош преку телефон: Во Германија луѓето најмногу ги мачи осаменоста

За оваа година сè уште нема конечна проценка, но се очекува слична бројка на повици како лани кога имало околу 1,2 милиони повици

Главна тема во телефонските разговори со советувалиштата оваа година беше осаменоста - повеќе од една петтина од луѓето се јавиле поради тоа. Често се дискутираше за стравовите и депресијата. | Фото: Jens Büttner/dpa

Во Германија оваа година повторно повеќе од милион луѓе се обратија до телефонските советувалишта со своите грижи, потреби и стравови, објави агенцијата ДПА.

Војната на Блискиот Исток и Украина, осаменоста и депресијата се вообичаени причини за повиците, според Луџер Сторч, претседател на националната работна група за телефонско советување.

За оваа година сè уште нема конечна проценка, но се очекува слична бројка на повици како лани кога имало околу 1,2 милиони повици.

Покрај повиците, можен е и анонимен контакт преку пораки или е-пошта. Во последните години се разменети повеќе од 30.000 пораки и над 41.000 мејлови.

Повеќе од 7.700 волонтери работат низ Германија во телефонски советувалишта.

Сè уште се чувствуваат последиците од пандемијата, што е особено видливо во социјалните контакти и честите социјални фобии. Секојдневниот живот беше погоден и од поскапувањата, изјави Штор за ДПА.

Главна тема во телефонските разговори сепак била осаменоста – повеќе од една петтина од луѓето се јавиле поради тоа. Често се дискутираше за стравовите и депресијата.