Хроника Помладиот син на Верушевски осомничен за детска порнографија

Помладиот син на Верушевски осомничен за детска порнографија

Помладиот син на Зоран Верушевски е осомничен за производство и за дистрибуција на детска порнографија, а бидејќи не е достапен за органите за прогонот, за негово приведување ќе биде ангажиран и Интерпол, соопшти МВР.

Кривичната пријава до Основното јавно обвинителство ја поднел Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, а според пијавата, Г.В. (19) во текот на ноември минатата година, преку својот лаптоп набавил фотографии и видеозапис со детска порнографија и ги зачувал на локалниот дикс на компјутерот.

При анализата на лаптоп-компјтер, одземен при претресот на домот на неговиот татко, како што информираат од МВР, биле пронајдени два видеозаписи и 16 фотографии со детска порнографија.

„Една од видеоснимките е преземена на 14 ноември 2014 година, при меѓусебна скајп-комуникација со скајп-профил кој користел ИП-адреса со локација во Софија, Република Бугарија, а примач е скајп-профилот на пријавениот, со профил „goran.verushevski“, кој во тој момент користел ИП-адреса со локација во Солун, Република Грција, за време на неговиот престој во земјата каде е на студии“, стои во соопштението на МВР.

Од јавното обвинителство денеска соопштија дека надлежниот обвинител ги презема законските активности и мерки, постапувајќи по кривичната пријава.