Свет Европа Полска: Полански на распит во обвинителството

Полска: Полански на распит во обвинителството

Полското обвинителство го испитувало режисерот Роман Полански во врска со барањето на САД за негова екстрадиција.

Портпаролката на обвинителството во Краков, Богуслава Марчинковска, денеска соопшти дека обвинителството доцна синоќа го испитало режисерот, а оти судот ќе одреди дали ќе го испорача Полански на САД, каде се бара поради обвинение за секс со малолетничка од 1977 година.

Портпаролката не откри повеќе детали за испитувањето. Оскаровецот има полски и француски пасош.

Минатата година, обвинителството во Краков го одби барањето на САД за апсење на 81-годишниот Полански, но го принудија да биде достапен за понатамошно испитување. Американските власти годинава поднесоа барање на негова екстрадиција.