Свет Европа Полска ја победи ЕУ, тврди премиерката Шидло

Полска ја победи ЕУ, тврди премиерката Шидло

Полската премиерка Беата Шидло изјави дека нејзината Влада победила во спорот со ЕУ околу мигрантите, тврдејќи дека Унијата дури и го сменила својот став по тоа прашање.

Според Шилд, ЕУ го сменила ставот благодарение на влијанието на одлучниот и непоколеблив на Полска.

– Денеска во Европа на Полска се гледа како на земја ослободена од тероризам – вели Шидло.

Полска одби да прими бегалци според обврзувачкиот план на ЕУ за релокација на бегалци. Варшава како аргумент наведе дека со прифаќањето на муслиманските мигранти ќе се загрози безбедноста на земјата и нејзиниот католички идентитет.