Спорт Полска и Германија се новите четвртфиналисти на СП во Катар

Полска и Германија се новите четвртфиналисти на СП во Катар

Осминафиналните натпревари денеска завршија со победа на Германија и на Полска, кои ќе бидат новите четвртфиналисти на Светското ракометно првенство во Катар.

Германија ја победи репрезентацијата на Египет со 23:16, а Полска славеше над Шведска со 24:20. Во тимот на Германија најефикасни беа Уве Генсхајмер, кој постигна шест гола, и Патрик Грецки, кој реализира пет погодоци.

Во четвртфиналето Германија ќе игра портив домаќинот Катар, а Полска против Хрватска.

Вечерва се играат последните два осминафинални натпревари меѓу Франција и Аргентина и меѓу Исланд и Данска.