Свет Европа Полска ќе ѝ даде воена поддршка на Украина ако ескалира ситуацијата

Полска ќе ѝ даде воена поддршка на Украина ако ескалира ситуацијата

Шефот на полската дипломатија, Гжегож Шетина, денеска изјави дека Полска, заедно со другите земји, би можела да ја поддржи украинската војска во судирите, доколку кризата на истокот на Украина ескалира.

– Не можеме да ја исклучиме можноста дека во случај да се обнови ескалацијата на воениот судир, заедно со останатите држави кои гледаат на ситуацијата како нас, ќе донесеме одлука за силна поддршка на украинската војска, вклучувајќи ги и нејзините воени капацитети – рече шефот на полската дипломатија.