Галерија Положено цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел по повод Денот на победата...

Положено цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел по повод Денот на победата над фашизмот

Делегација на АРМ на положувањето цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот. Фото: Влада на РСМ

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерката за образование и наука, Мила Царовска, по повод 9 Мај – Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа, положија свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел.

Покрај владината делегација, свежо цвеќе положија и делегации на Сојузот на Борци од НОБ, Собранието на Република Северна Македонија, Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Армијата на Република Северна Македонија и Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов.