Македонија Положени цвеќиња на Партизанските гробишта „Бутел“

Положени цвеќиња на Партизанските гробишта „Бутел“

Положување цвеќиња на Партизанските гробишта во Скопје

Делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и од претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска положи цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“.

На гробиштата во Бутел цвеќиња положија и делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна – Скопје; делегации на Советот на Град Скопје, од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, од Собранието на Република Македонија, од Владата на Република Македонија, од Министерството за одбрана на Република Македонија, на Генералштаб на АРМ, од општините на Скопје.