Хроника Полициските „алфи“ за еден месец привеле 175 лица

Полициските „алфи“ за еден месец привеле 175 лица

Во текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – „Алфа“, при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 926 лица, преглед на 242 патнички моторни возила и на 60 лица, а врз различни основи биле приведени вкупно 175 лица.

Врз основа на телеграма, соопшти денеска МВР, приведени се 32 лица, по потрага, гласник или наредба од основен суд – 10 лица, под сомнеж за извршено кривично дело  приведени се 34 лица, по извршено кривично дело – 11, за издржување казна затвор – 13 лица, за утврдување на идентитет – седум лица и за недозволени предмети приведени се пет лица.

Меѓу останатите, едно лице е  приведено за напад на службено лице, две лица се приведени за поседување оружје,  а 19 – за поседување опојни дроги.