Македонија Полициската станица во Гошинце заземена од вооружени лица

Полициската станица во Гошинце заземена од вооружени лица

Полициската станица во село Гошинце, во липковскиот крај, е заземена од вооружени лица, пренесе „Фокус“.

Според неофицијалните информации, вооружените лица влегле од Косово.

Прес-конференција за овој настан е најавена во Министерството за внатрешни работи.