Главна секција Полициска акција во Диво Насеље, се апсат соработници на терористите

Полициска акција во Диво Насеље, се апсат соработници на терористите

Утрово се одвива голема полициска акција за пронаоѓање соработници и поддржувачи на терористичката група инволвирана во случувањата во кумановско Диво Насеље.

МВР акцијата ја спроведува во повеќе кумановски села, а ја проширува и во некои скопски, при што вклучени се големи полициски сили, како и хеликоптери.

Според првичните информации, биле приведени неколку лица и во согласност со надлежниот обвинител за гонење организиран криминал, уапсените веднаш ќе се носат пред надлежниот судија.

Претресите продолжуваат во Скопско и во Кумановско. Повеќе детали ќе бидат објавени во текот на денот.