Свет Европа Полициска акција по пукањето во Марсеј

Полициска акција по пукањето во Марсеј

Во Марсеј попладнево била спроведена полициска акција откако имаше пукања со пушки калашников во една од проблематичните населби, соопштија француските власти, кои додаваат дека во акцијата немало жртви.

Нападот и полициската акција се случуваа неколку часа пред доаѓањето во Марсеј на францускиот премиер Мануел Валс. Освен премиерот, во посета на градот се и министерот за внатрешни работи, Бернар Казнев, и министерот за образование, Нажа Вало-Беласкем.

Специјалните полициски едници се упатиле во квартот Кастелан, кој е познат по криминалот со дрога, откако добиле информација дека непознати лица пукале во воздух од пушки калашников.

Извори блиски до истрагата велат дека во воздух пукале пет до десет лица, но дека никој не е повреден.