Македонија Во полициска акција кај Гошинце, пронајдено е украденото оружје

Во полициска акција кај Гошинце, пронајдено е украденото оружје

Полициските сили изутринава во селото Малино Маало ги пронашле и ги одзеле оружјето и муницијата што во вторникот биле украдени при нападот на полициската караула во Гошинце, јавува „Прес 24“ , повикувајќи се на извори од МВР.

Полициските сили, по претходни сознанија дека во овој предел се наоѓаат лица поврзани со нападот во Гошинце, извршиле претрес на повеќе куќи.

Акцијата е во тек, а МВР најави дека во текот на денот ќе открие повеќе детали.