Свет Балкан Полицијата за утре забрани собири во Белград

Полицијата за утре забрани собири во Белград

Сите седум собири што се пријавени во Белград за утре, кога се одбележува годишнината од страдањата во Сребреница, се забранети.

Собирот наречен „7.000“ први го пријавија од групата НВО, а потоа контрамитинг пријавиле и десничарските организации.

И Војислав Шешељ ги повика партиските симпатизери да се придружат на групата учесници на митингот „7.000“, но со четнички симболи и знамиња.