Свет Европа Полицијата во Париз со солзавец ги растеруваше курдските демонстранти

Полицијата во Париз со солзавец ги растеруваше курдските демонстранти

Повеќе од стотина курдски демонстранти се судрија денеска со полицијата пред амбасадата на Турција во Париз. Нередите настанале откако полициските сили се обиделе да ги растераат курдските политички активисти собрани околу амбасадата.

Демонстрантите ги гаѓале полициските автомобили со камења и со други предмети, а полицијата употребила солзавец за да ги растера.

Демонстрантите протестирале поради воените акции против курдските милитанти на југозападот на Турција.

Локалните курдски медиуми известуваат дека најмалку 60 лица, членови на Работничката партија на Курдистан, настрадале во последните напади.