Хроника Полицијата трага по илегални мигранти во околината на битолското село Брод

Полицијата трага по илегални мигранти во околината на битолското село Брод

Два полициски патролни тима вчера почнале со пребарување на теренот во реонот на селото Брод, Битолско, во потрага по група илегални мигранти, информираат од МВР.

Вчера, околу 9 часот, по дојава за шверц на мигранти, кај селото Рибарци, во Општина Новаци, полициски службеници запреле возило марка „бмв“, со грчки регистарски ознаки, во кое се превезувале двајца бугарски државјани.

Во возилото биле пронајдени четири патни торби за кои двајцата Бугари признале дека им припаѓаат на илегални мигранти, кои ги превезувале, но кога забележале дека ги следи полиција, ги оставиле кај мостот на Црна Река во село Брод.

„Лицата во 11 часот се лишени од слобода во полициската станица за граничен надзор Меџитлија. Во реонот на сeло Брод, Битолско, два патролни тима вршат пребарување на теренот за пронаоѓање на нелегалните мигранти“, стои во информацијата за случајот.