Македонија Полицијата попречила новинари на албанската „Топ чанел“ да снимаат емисија за Горна...

Полицијата попречила новинари на албанската „Топ чанел“ да снимаат емисија за Горна Река

Новинарите биле запрени во Маврово заради полициска контрола, под изговор дека немале дозвола од МНР да снимаат во Македонија

Новинарска екипа на албанската медиумската групација „Топ чанел“ составена од неколку лица, била запрена во Маврово заради полициска контрола, под изговор дека немале дозвола од Министерството за надворешни работи да снимаат инсерти во Македонија, јавува весникот „Лајм“.
Новинарите биле задржани околу еден час на магистралата Врбен-Маврово од полицијата заради испитување и контрола, при што на крајот тие потпишале документ дека „нема да ја повторат грешката да снимаат во Македонија без соодветна дозвола од Министерството за надворешни работи“.
По ослободувањето и на пат за Албанија, новинарите повторно биле запрени за разни проверки, при што повторно им биле земени информации зошто дошле и кои се.
Според информациите со кои располага „Лајм“, станува збор за емисија за Горна Река, која ќе се емитува наскоро во рамките најгледаната емисија на „Топ чанел“, „Ексклузив“.