Македонија Полицијата не го нашла Сеад Кочан, МВР уште нема информација дали заминал...

Полицијата не го нашла Сеад Кочан, МВР уште нема информација дали заминал од земјава

Полицијата го побарала бизнисменот Сеад Кочан дома, но не го пронашла таму, објасни за „Мета“ портпаролот на Министерството за внатрешни работи (МВР), Тони Ангеловски. Тој рече дека во моментов уште нема официјална информација дали сопственикот на телевизија „Нова“ ја напуштил земјава.

За Сеад Кочан, Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 вчера попладне издаде решение за 30-дневен притвор, постапувајќи по жалбата од СЈО на одлуката на судија на претходна постапка од истиот суд да не изрече притвор.

Кога ќе го пронајде бизнисменот, полицијата треба да го спроведе во затворот „Скопје“, во населбата Шуто Оризари.