fbpx

Во МВР стасало решението за притвор за Сеад Кочан, се чека апсење

-

Окулу еден часот, МВР го доби решението од Основен суд Скопје 1 со кое се наложува лишување од слобода на бизнисменот С.К., изјави за „Мета“ портпаролот на Министерството за внатрешни работи (МВР), Тони Ангеловски.

„Се наложува на овластените службени лица од МВР на РМ, СВР Скопје, ОЕКР, Единица за извиди и потраги, Одделение за потраги – Скопје, по пронаоѓање и лишување од слобода на осомничениот С. К., да го спроведат на издржување на мерката притвор во КПУ Затвор Скопје, а за истото веднаш да биде известен Основниот суд Скопје 1“, стои во решението за притвор на бизнисменот Сеад Кочан што денеска Основен суд Скопје 1 го објави на својата веб-страница.

Во решението од судот стои дека Кривичниот совет на судот ја поништил претходната одлука на судијата на претходна постапка, со која барањето на Специјалното јавно обвинителство да се изрече притвор за бизнисменот Кочан беше одбиено. Кривичниот совет составен од тројца судии решавал по жалбата поднесена на 3 март од СЈО против одлуката на судијата на претходна постапка. Во образложението на својата одлука, Кривичниот совет наведува еден куп погрешни проценки на судијата на претходна постапка што го одби барањето на СЈО на Кочан да му биде изречен притвор.

Со оваа одлука, полицијата сега треба да го пронајде и уапси Сеад Кочан и да го спроведе во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, каде треба да издржува 30-дневен притвор.

СЈО првично го побара притворот при отворањето на новиот случај „Труст“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...