Хроника Полицијата извршила технички преглед на автобуси и на такси-возила во Куманово

Полицијата извршила технички преглед на автобуси и на такси-возила во Куманово

Полициски екипи во Куманово вчера извршиле контрола на 42 автобуси кои вршат јавен превоз на ученици и на 30 такси-возила, информира полиција.

Во акциската контрола, која била извршена од стручни лица од Станица за вршење преглед на техничка исправност на возила, било утврдено дека 16 автобуси и шест такси-возила се технички неисправни. Доплнително, полициските службеници при контрола на автобустите на самото место констатирале дека во три од нив имало повеќе ученици од бројот на седишта и определени места за стоење.

Од полицијата додаваат дека биле констатирани и 16 други прекршоци.