Дописници „Полицијата и јавноста“ – книга на полицискиот портпарол Стефан Димоски

„Полицијата и јавноста“ – книга на полицискиот портпарол Стефан Димоски

В сабота напладне, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, пред јавноста ќе биде претставена книгата „Полицијата и јавноста“ на м-р Стефан Димоски, новинар, актуелен портпарол на СВР од Охрид.

Промотори на авторскиот труд на Димоски ќе бидат Томе Груевски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, и Стефан Буџакоски, професор на првиот приватен универзитет ФОН.

Стефан Димоски, пред да ја преземе должноста полициски портпарол, долги години работеше како новинар, главно во електронски медиуми.

Магистрираше на приватниот универзитет ФОН во Скопје.