Хроника Полицаец ограбил возач на автопатот Скопје – Тетово

Полицаец ограбил возач на автопатот Скопје – Тетово

Полицаец од СВР Тетово, завчера околу 20.30 часот, на автопатот Скопје – Тетово, сигнализирал на возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки да запре и по кус разговор и по проверка на торбите кои биле кај ќерката на возачот одзел две торби и избегал. Во торбите имало три часовници, два мобилни телефони, разновиден златен накит и облека, чија вкупна вредност се проценува на околу 700 евра.
СВР Тетово поднесе кривична пријава портив полицаецот Т.Џ., кој има 37 години, а судија во претходна постапка од Основниот суд Тетово на осомничениот му одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена.