Македонија Политичките и безбедносни предизвици во државата, тема на Школата за политики

Политичките и безбедносни предизвици во државата, тема на Школата за политики

„Се дискутираше и за учеството на младите на пазарот на трудот и политиките за намалување на младинската емиграција од земјава, како и за активните социјални политики за поттикнување на социоекономскиот развој“, информираат од претседателскиот кабинет

Фото: Кабинет на претседател на РСМ

Актуелните и идни политички и безбедносни предизвици во С. Македонија, биле тема на која зборуваше претседателот Стево Пендаровски на денешниот втор модул на Школата за политики за 2023 година, кој се одржа во Охрид. Како што информираат од неговиот кабинет, тој во своето обраќање зборувал за состојбите во контекст на политичкиот дијалог во земјата и на состојбите и предизвиците за македонските евроинтеграции, за безбедносните и геополитичките случувања во Европа и регионот. Се осврнал и на темите за социоекономскиот развој и перспективите за младите во земјата.

„Се дискутираше и за учеството на младите на пазарот на трудот и политиките за намалување на младинската емиграција од земјава, како и за активните социјални политики за поттикнување на социоекономскиот развој“, наведено е во соопштението.

Вториот модул на Школата за политики го отворил директорот на фондацијата „Фридрих Еберт“ за Северна Македонија и Косово, Рене Шлее.

Предавања одржала и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, како и Наташа Бошкова од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници „Маргини“. Зборувал и професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Ванчо Узунов и стартап експертката, Тамара Димитрова.