Македонија Полициска станица Аеродром времено се сели во населбата Лисиче

Полициска станица Аеродром времено се сели во населбата Лисиче

Преместувањето е направено затоа што на местото на стариот објект ќе се изгради нов објект на полициската станица

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи извести дека Полициската станица Аеродром е привремено преместена од сегашната локација во Ново Лисиче во населбата Лисиче на ул. „Димитар Туриманџовски“ бр. 1.

Преместувањето е направено затоа што на местото на стариот објект ќе се изгради нов објект на полициската станица, во склоп на проектот за обезбедување подобри услови за работа на полициските службеници, но и за услуги на граѓаните, информира МВР.