Подглавна секција Полицијата заплени 7.000 парчиња пиротехника во Битола

Полицијата заплени 7.000 парчиња пиротехника во Битола

МВР соопшти дека на два наврати во Битола заплениле речиси 7.000 парчиња пиротехнички средства од истото лице, кое е приведено.

Фото: МВР

Доцна синоќа, во периодот од 00:20 до 1:05 часот полициски службеници од СВР Битола влегле во домот на 60-годишниот З.Т., каде во помошна просторија пронашле 4.080 парчиња различни пиротехнички средства (огномети и петарди).

Како што соопшти МВР, еден ден претходно, во 20:30 часот, бил извршен и преглед на патничкото возило на З.Т. (60) марка Волксваген „поло“ со битолски регистарски ознаки. Притоа, биле пронајдени 2.713 парчиња различни пиротехнички средства.

„По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава“, велат од МВР.