Македонија Полицијата во еден ден со 47 санкции за автобуси што вршеле превоз...

Полицијата во еден ден со 47 санкции за автобуси што вршеле превоз на ученици

Извор на фотографија: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во текот на вчерашниот ден (02.12.2022) во периодот од 12 до 16 часот на територијата на Република Северна Македонија била спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 47 сообраќајни прекршоци, а две возила се исклучени од сообраќај.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома ќе продолжат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.