Македонија Полицијата вчера изрекла 218 сообраќајни казни во Скопје, 12 лица фатени без...

Полицијата вчера изрекла 218 сообраќајни казни во Скопје, 12 лица фатени без возачка дозвола

Фото: Министерство за внатрешни работи

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден на територијата на Градот Скопје изрекло вкупно 218 мерки. Притоа, 57 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 44 мерки за недавање предност на пешаци, 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, информираат од МВР.

Само во Скопје вчера биле фатени 12 возачи кои управувале со возило без возачка дозвола и за нив се изречени казни. Дополнително, изречени се 10 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возач почетник, шест мерки за возење под дејство на алкохол, 57 за непрописно паркирање.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.