Македонија Полицијата изминатава ноќ напиша 141 казна за управување возила под дејство на...

Полицијата изминатава ноќ напиша 141 казна за управување возила под дејство на алкохол

Контрола на сообраќајната полиција за откривање возачи што возат под дејство на алкохол. Фото: МВР

Само во една вечер полициските службеници фатија 141 возач кои управувале со своите возила во алкохолизирана состојба, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во текот на вчерашната вечер (02/03.10.2021) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 141 возач. Од нив, 30 на територијата на СВР Битола, 20 на територијата на СВР Штип…“, информираат од МВР.

Инаку, возењето во алкохолизирана состојба е еден од главните причинители за сообраќајни несреќи, во кои има повредени и загинати лица.

Од МВР велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за сите заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.