Дописници Покрената донаторска акција да се транспортира тело на покоен штипјанец

Покрената донаторска акција да се транспортира тело на покоен штипјанец

Семејството на 33-годишниот штипјанец Сашо Коцев не може да го пренесе телото на својот покоен син, кој бил прегазен во Шпанија. Коцев, кој во Шпанија живеел веќе неколку години, бил прегазен од својот другар, кој управувал камион кој се движел наназад.

Семејството Коцеви е во контакт со македонската амбасада во Шпанија, меѓутоа не може да обезбеди доволно средства за транспорт на телото. Се обратиле за помош до државата и до Општина Штип. Оттаму најавија дека првично ќе донираат 500 евра, а ги повикаа и хуманите луѓе да помогнат. Отворена е донаторска сметка и мобилна линија преку операторот ВИП за помош, да се соберат потребните пари, за да може да се пренесе телото на Коцев од Шпанија.

Во исто време, Општина Штип, која е кооридинатор на помошта, ги повика компаниите и сите заинтересирани, кои сакаат да донираат, да се обратат кај нив.

Покојниот Сашо Коцев пред заминувањето во Штанија, со сопругата и со децата живеел во штипско Ново Село. Семејството побара мир од медиумите по овој трагичен настан.