Македонија Поскапен возниот билет за бегалците од 10 на 25 евра

Поскапен возниот билет за бегалците од 10 на 25 евра

По дводневниот штрајк во „Македонски железници, спроведен од незадоволните машиновозачи кои си ги побараа заостанатите лични доходи и неплатеното здравствено осигурување за јули и за август, од вчера, според изјавите на граѓанските активисти, возниот билет за бегалци е поскапен и сега изнесува 25 евра.

Возовите на „Македонски железници“ од вчера повторно се на шините.

Цената на возните билети беше зголемена и пред неколку месеци, од 5 на 10 евра. Тоа поскапување беше објаснето со зголемените трошоци на „Македонски железници“. За последново зголемување на цената, сè уште нема објаснување.