Дописници Поетски читања за време на „Неделата на промоција на хумани вредности”

Поетски читања за време на „Неделата на промоција на хумани вредности”

Црвениот крст Охрид, утре од 18 часот, во рамките на „Неделата на промоција на хумани вредности“, ќе организира поетски читања, при што за ваков вид активности ќе го промовира новоизградениот мал плоштад, кај музичкото училиште „Методи Патче“.

Преку поезијата, младинците на Црвен крст од Охрид ќе испратат порака за разновидноста на културите и за толеранцијата, дијалогот и соработката, заемната доверба и разбирање, кои се меѓу најдобрите гаранции за мирот и за соживотот.

Манифестацијата „Недела на промоција на хумани вредности“ веќе 17 години се спроведува во Македонија, при што младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен услов за градење интеркултурно опшество и со сето тоа како да бидат активни и да изработуваат мали проекти за доброто на заедницата.