Македонија Поднесено обвинение за убиството на Никола Саздовски

Поднесено обвинение за убиството на Никола Саздовски

Обвинителен акт за убиство е поднесен денеска против двајцата осомничени за свирепото претепување на Никола Саздовски во Автокоманда на 29 јуни годинава, соопшти  Основното јавно обвинителство Скопје. Исто така, за нив е побарано продолжување на притворот.

Истражната постапка против третиот осомничен, кој се смета за соизвршител, е прекината поради тоа што е во бегство. Против него се распишани домашна и меѓународна потерница, и кога ќе биде приведен, истрагата ќе продолжи, велат од обвинителството.