Економија Поднесени 316.756 годишни даночни пријави до УЈП, утре е последен ден

Поднесени 316.756 годишни даночни пријави до УЈП, утре е последен ден

До Управата за јавни приходи (УЈП) поднесени се 316.756 годишни даночни пријави, а утре е последен ден за пријавување.

За да се избегне метежот од УЈП препорачуваат, граѓаните кои се регистрирани корисници на е-даноци своите пријави да ги поднесат по електронски пат.

Работното време на даночните канцеларии на УЈП е од 08.30 до 18 часот, додека работното време на Контакт центарот на УЈП е од 09 до 20 часот.