Хроника Поднесена кривична пријава за палењето на продавницата во селото Ореше

Поднесена кривична пријава за палењето на продавницата во селото Ореше

Велешката полиција поднела кривична пријава против жител на селото Ореше, осомничен дека завчера вечерта ги запалил продавницата и автомобилот, марка „бе-ем-ве“, сопственост на Ѓ.Ѓ. (51) од селото.

Како што информираат од полицијата, станува збор за Ѓ.П. (46) од селото, кој, според пријавата, се товари за кривичното дело предизвикување општа опасност.

Неофицијално, осомничениот е Ѓоре Петровски, осуден на 13 години затвор во случајот „Ореше“, како нарачател на убиството на старецот Лазар Милошевски.

Како што вчера пренесоа медиумите, сопственикот на продавницата и на автомобилот бил дедо на заштитениот сведок во случајот „Ореше“.

Основниот суд Велес, на осомничениот Ѓ.П. му изрекол мерка притвор во траење од 48 часа и тој веднаш бил спроведен во Истражниот затвор „Скопје“, во населбата Шуто Оризари.