Дописници Почнува четвртото издание на меѓународниот филмски фестивал „Вач аут“

Почнува четвртото издание на меѓународниот филмски фестивал „Вач аут“

Вечерва во дворот на Музејот на комунистичката партија во Тетово, почува петто издание на Меѓународниот филмски фестивал „Вач оут“во организација на Центарот за балканска соработка „Лоја“. Свеченото отворање е во 19.30 часот, а првиот филм ќе биде прикажан во 20 часот. Фестивалот кој е уникатен во Македонија со проекции на отворено ќе трае четири дена.

– За овој фестивал аплицираа 240 филмови и ќе бидат прикажани најдобрите 27. Фестивалот ќе се одржи на отворено, што го прави уникатен во Македонија – изјави Александар Стојановски – Цули од Центарот за балканска соработка „Лоја“.

Со фестивалот велат од „Лоја“, сакаме да ги децентрализираме културните активности кои претежно се случуваат само во Скопје.

– Ние на овој фестивал не гледаме само како на уметничка понуда, туку и на децентрализација на културата. Сакаме со овој фестивал да ги раздвижиме младите, кои се однесуваат апатично во поглед на културните збиднувања и активности – изјави Бујар Љума од Центарот за балканска соработка.

За време на четирите фестивалски дена, ќе се прикажуваат филмови од различни жанрови, Во случај на врнежливо време и други временски неприлики, филмските проекции од фестивалот, ќе се прикажат во просториите на Центарот за балканска соработка „Лоја“.