Главна секција Почна втората лидерска средба

Почна втората лидерска средба

Во Клубот на пратеници, по половина час доцнење, почна втората средба меѓу лидерите на четирите најголеми партии: Зоран Заев од СДСМ, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА.

Лидерите седат на иста маса заедно со Џес Бејли, амбасадорот на САД, и со Аиво Орав, шеф на Мисијата на ЕУ во Македонија, кои се гости-набљудувачи.

Првата лидерска средба заврши без договор. Партиите остана на своите ставови, а денеска треба да работат на рамка за договор.