Економија Почна со работа фабриката за производство на воздушни перничиња „Ки сејфти системс“

Почна со работа фабриката за производство на воздушни перничиња „Ки сејфти системс“

Во технолошко-индустриската зона во Кичево, почна со работа фабриката за производство на воздушни перничиња за светски марки автомобили, инвестиција на американската компанија „Ки сејфти системс“.

Паралелно со браунфилд-објект во центарот на Кичево, се градеше и производствениот погон со површина од 13.600 квадратни метри во ТИРЗ Кичево.

Според бизнис-планот на инвеститорот, бројот на вработени од 230 лица, треба да достигне 1.000 работни места во наредниов период.

Раководството на компанијата најави дека со овие вработени ќе произведуваат приближно три милиони парчиња оваа година, односно шест милиони во 2017 година.

Во погонот во Кичево ќе се произведуваат воздушни перничиња, а првото производство од Македонија ќе биде наменето за реномирани производители на автомобили, како „Шкода“, „Фолксваген“, „Тојота“, „Бе-ем-ве“, „Порше“, „Јагуар“.