Економија Почна со производство фабриката „АРЦ Аутомотив Македонија“

Почна со производство фабриката „АРЦ Аутомотив Македонија“

Фабриката за производство на инфлатори за воздушни перничиња „АРЦ Аутомотив Македонија“ денеска почна со работа во технолошко-индустриската развојна зона во Бунарџик.

Инвестицијата изнесува 18 милиони долари, а инвеститор е американската компанија од автомобилската индустрија „Кап-кон аутомотив технолоџис“.

Во новата фабрика се отворени 75 работни места, а инвеститорот најавува 400 вработувања. Компанијата ќе биде извозно ориентирана, со производи примарно за европскиот пазар.

– Нашиот план е да го зголемиме производството во претстојните недели до 2,5 милиони единици годишно. Исто така, АРЦ планира да го удвои овој капацитет во текот на следните шест месеци, а потоа планираме да произведуваме и пет до шест милиони каписли за воздушни перничиња – изјави главниот извршен директор на „Кап-кон“, Али ал Хаџ.