Македонија Почна селекцијата на кандидатите за професионални војници

Почна селекцијата на кандидатите за професионални војници

Кандидатите за професионални војници што ги поминале психолошките и општообразовните тестови, од денеска пред комисии ги покажуваат своите физички способности. Оние што ќе покажат најдобри резултати, треба да поминат лекарски прегледи, а ги чека уште една проверка на физичката издржливост и на брзината, пливање на 50 метри.

Се очекува конечниот избор на најдобрите да заврши до април. Дел од 125 професионални војници ќе бидат распоредени и во специјалните единици на Армијата. При приемот се има предвид и етничката застапеност на кандидатите, паралелно со дадените услови за прием.