Економија Почна саемот за зимници и за органска храна „Агрофуд 2015“

Почна саемот за зимници и за органска храна „Агрофуд 2015“

Меѓународниот саем за широка потрошувачка, „Агрофуд 2015“ денеска е отворен, а на него посетителите ќе можат да се запознаат со асортиманот на македонските произведувачи на зимница.

На саемот, кој е од продажен карактер, исто така ќе бидат изложени и органските производи што се одгледани по најстрогите законски стандарди од македонски производители.

Сите граѓани од 1 до 4 октомври, ќе имаат можност да го посетат штандот на ИМЕ (Програма за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка имплементирана од Свисконтакт), која ги помага македонските производи на органски производители, и да се запознаат со органските производи. Исто така, сите македонски фармери имаат отворени можности да се информираат за тоа како да станат производители на органски производи.